По повод Велигденските празници, КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица организираше конкурс за избор на најубаво украсено велигденско јајце, кој се одржа на 10 април 2026 година (Велики Петок) на платото пред храмот „Успение на Пресвета Богородица“.
На конкурсот учествуваа граѓани од општина Македонска Каменица, кои со својата креативност и труд придонесоа за празничната атмосфера.

Изборот заврши денес, а во силна конкуренција беа избрани најдобрите:
– Прво место – Барбара Стоиловска
– Второ место – Тамара Стоименовска
– Трето место – Михаела Спасевска
На настанот присуствуваше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која го поддржа одржувањето на оваа традиционална велигденска манифестација.
Организаторите информираат дека на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници како знак на признание за нивното учество и придонес.






