14/06/2026

ППК САСА организира Отворено првенство на Македонска Каменица и прв национален турнир во пинг-понг во градот

ППК САСА, во соработка и под покровителство на Општина Македонска Каменица, организира два значајни спортски настани кои ќе се одржат во спортската сала при О.О.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица.

На 23 мај 2026 година ќе се одржи Отвореното првенство на Македонска Каменица во пинг-понг, на кое право на учество имаат исклучиво жители на Општина Македонска Каменица.

ppk sasa logo high quality

За најдобрите натпреварувачи се обезбедени:

  • пехари
  • медали
  • дипломи
  • пофалници

Пријавувањето за учество е отворено до 22 мај 2026 година, кај:

Стево Ристовски – 071 246 191
Гоце Стојановски – 078 431 634

Ждрепката за Отвореното првенство ќе се одржи на денот на натпреварувањето.

Покрај локалното првенство, на 24 мај (недела) со почеток од 10:00 часот, во спортската сала при училиштето ќе се одржи и Национален турнир во пинг-понг, на кој ќе настапат 32 регистрирани и активни натпреварувачи кои се натпреваруваат во државното првенство и лигашките натпреварувања.

Овој турнир има посебно значење бидејќи за првпат Македонска Каменица ќе биде домаќин на национален пинг-понгарски турнир.

За најуспешните учесници на националниот турнир се обезбедени:

  • парични награди
  • пехари
  • медали
  • дипломи

Ждрепката и за Националниот турнир ќе се одржи на денот на натпреварувањето.

Натпреварите на 24 мај ќе се одвиваат во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а од ППК САСА упатуваат повик до сите граѓани, љубители на спортот и поддржувачи на пинг-понгот да присуствуваат и да бидат дел од овој спортски викенд во Македонска Каменица.