14/06/2026

Кочански семејства изразија сочувство: во моменти на тага, човечноста е најважна

Семејствата од Кочани преку страницата „Здружение на граѓани 16 март 2025“ изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот што избувна во бар во скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија за време на новогодишната ноќ, во кој загинаа околу 40 лица. Тие порачаа дека им стојат на располагање на погодените семејства – пред сè со разбирање, поддршка и сочувство, истакнувајќи дека во вакви моменти единствено што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.