




Од клонот на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, библиотека „К.П. Мисирков“ во Македонска Каменица, информираат дека библиотекарите ги избраа и наградија најчитателите како признание за нивната љубов кон книгата и посветеноста кон читањето.
За најчитатели се избрани: Стојчевска Македонка, Апостоловска Виолета, Венкова Нена, Николовска Теона и Стоиловска Ребека.
Ова признание претставува поттик за сите членови да продолжат да ја негуваат читателската култура и да го откриваат богатството што го носи секоја прочитана страница. Книгата останува најверниот пријател, извор на знаење, инспирација и нови светови.
Од библиотеката упатуваат честитки до наградените читатели и благодарност до сите посетители кои секојдневно ја прават библиотеката место исполнето со љубопитност, идеи и љубов кон пишаниот збор.
Читањето нè поврзува — а библиотеката останува дом на сите што веруваат во моќта на книгата.






