17/06/2026

Фондација Рудник „Саса“ со донација на книги за ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

11

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево упати благодарност до Фондација Рудник „Саса“ за новата донација на книги, со која значително се збогатува библиотечниот фонд во клонот „К.П. Мисирков“ во Македонска Каменица.

Донацијата е реализирана по повод 20 години од рестартирањето на Рудник „Саса“, а претставува продолжување на долгогодишната традиција на поддршка на културните институции во регионот.

Од библиотеката истакнуваат дека секоја донирана книга претставува инвестиција во знаењето, образованието и културниот развој, а ваквите општествено одговорни активности придонесуваат книгата да остане достапна за сите генерации читатели.

Благодарение на оваа донација, библиотечниот фонд се збогатува, а читателите добиваат нови можности за учење, истражување и личен развој.

Воедно, најавена е и дополнителна донација од околу 200 наслови англиска книжевност на англиски јазик, составена од стари, но добро зачувани изданија.

Од ЈЛБ „Илинден“ упатуваат голема благодарност до Фондација Рудник „Саса“ и изразуваат надеж за продолжување на успешната соработка и во иднина.

12