
Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица најавува гостување на детската театарска комедија „Тетка Марулка“, која ќе се одигра утре во Домот на културата.
Станува збор за весела и едукативна претстава на Театар ХИТ, исполнета со хумор, интеракција со децата, оригинални костими и музика. Преку забавна приказна, најмладите ќе добијат силна порака за значењето на здравата исхрана и грижата за природата.
Претставата завршува со заедничка порака што ја испраќаат актерите и децата:
„Јади здрава храна за да имаш живот без маана и чувај ја природата!“
Од КИЦ „Романса“ ги покануваат сите родители и дечиња да присуствуваат и заедно да создадат уште еден убав културен момент во Македонска Каменица, исполнет со смеа, радост и аплаузи.






