14/06/2026

Fast Construction MK ги постави темелите на објектот „Дома“ – почеток на нова станбена приказна

DSC 7441

Градежната компанија Fast Construction MK, специјализирана за изведба на градежни објекти и консултантски услуги, вчера свечено го одбележа поставувањето на темелите на станбениот објект „Дома“.

Со чувство на особена чест, достоинство и одговорност, компанијата го означи почетокот на проект што има јасна визија – создавање простор во кој ќе се раѓаат спомени, ќе растат семејства и ќе се гради секојдневие исполнето со сигурност, удобност и квалитет.

642711756 871489879270698 1056135145297995292 n

Од Fast Construction MK истакнуваат дека нивната цел не е само изградба на објект, туку создавање дом во вистинска смисла на зборот – место каде идните жители ќе чувствуваат стабилност, топлина и доверба.

На свечениот настан присуствуваа бројни гости, партнери, пријатели и поддржувачи, на кои компанијата им изрази искрена благодарност за довербата и поддршката.

641355005 871488435937509 8084318124418323785 n

„Овде не се гради само простор за живеење, туку сигурна иднина и квалитетен живот. Продолжуваме да градиме со срце, одговорност и визија“, порачуваат од компанијата.

Со поставувањето на темелите на „Дома“, започнува нова фаза во развојот на овој проект, кој има за цел да понуди современо, безбедно и долгорочно решение за домување.