14/06/2026

Температурен шок во Македонија: Минусни утра со мраз, а преку ден до 20 степени – разлика и до 20°C!

weather station 5580 1280

Огромна е разликата меѓу температурите во ноќните и утринските часови и оние во текот на денот во Македонија. Додека ноќе и рано наутро во поголем дел од државата температурите се зимски, минусни и проследени со појава на слаб мраз, преку ден тие достигнуваат пролетни вредности и се значително повисоки.

Разликата меѓу минималните утрински и максималните дневни температури изнесува и до околу 20 степени, што е навистина екстремно за овој период од годината. Овој изразен температурен контраст негативно влијае врз здравјето, особено кај метеопатите, каде се можни главоболки, замор, промени во крвниот притисок и други тегоби.

Дополнително, ваквите нагли промени го зголемуваат ризикот од појава на вируси, настинки и сезонски инфекции, бидејќи организмот тешко се адаптира на толку големи осцилации во краток временски период.

Во следните денови ваквата временска состојба ќе продолжи. Минималните температури ќе останат зимски и во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, со појава на слаб мраз во утринските часови. Од друга страна, преку денот температурите, особено во Повардарието и во југоисточните предели, ќе се искачуваат и до околу 20 степени.

Во овие утрински часови во Македонија имаме ведро и студено време, со температури кои на повеќето места се околу и неколку степени под нулата, проследени со слаб мраз.

Што се однесува до ветерот, тој значително ја намали својата брзина и интензитет и во најголем дел од земјата е слаб.

Граѓаните се советуваат наутро да се облекуваат потопло, а во текот на денот да бидат подготвени за значително повисоки температури – типично „зима наутро, пролет попладне“.