14/06/2026

Сончево и стабилно до крајот на неделата – температури до 17 степени, повремено засилен ветер

weather station 5580 1280

Под влијание на висок воздушен притисок (антициклон) и стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и претежно сончево.

Денес и утре (четврток, 26 февруари 2026 година), особено во Повардарието и во источните предели, повремено ќе дува засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во Скопје и околината исто така ќе преовладува стабилно и суво време со многу сонце, а денес и утре ќе има повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервал од 10 до 17 степени, додека во Скопје и околината ќе достигнуваат околу 14 до 15 степени.
Наутро ќе биде релативно студено, со минимални температури од -3 до 5 степени, при што на повеќе места ќе има појава на слаб мраз. Преку денот времето ќе биде пријатно и пролетно.