14/06/2026

51-годишен возач од с. Саса приведен со 2,44 промили алкохол во крвта

FB IMG 1766930823249

Полициски службеници од ОВР Кочани на 5 март 2026 година во 18:16 часот лишиле од слобода 51-годишен жител на село Саса, општина Македонска Каменица, поради управување возило под дејство на алкохол.

Контролата била извршена на експресниот пат во близина на селото Спанчево, општина Чешиново-Облешево, при што полициските службеници сопреле патничко возило „Хјундаи“ со регистарски таблички од Македонска Каменица, управувано од лицето.

По преземените мерки било утврдено дека возачот имал 2,44 промили алкохол во крвта. Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.