14/06/2026

Сончево и стабилно време во Македонија: Температури до 18 степени во петок и сабота

weather station 5580 1280

По краткотрајната промена на времето и врнежите кои ја зафатија Македонија вчера, во текот на денешниот ден и утре (петок и сабота – 6 и 7 март 2026) повторно ќе преовладува стабилно, суво и претежно сончево пролетно време.

Во текот на денот ќе има многу сончеви периоди, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе достигне до околу 17 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во сабота ветерот ќе биде претежно од југоисточен правец.

Сепак, утринските часови ќе бидат релативно студени, со минимални температури кои ќе се движат во интервал од -3 до 5 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се спушта до околу 0 степени.