
На 08.01.2026 година, во 01:42 часот, во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишиле од слобода В.Р. (19) од село Саса, општина Македонска Каменица.
При извршена сообраќајна контрола на улицата „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници запреле патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое било управувано од приведениот.
По преземените мерки и извршеното алкотестирање, било констатирано дека возачот управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.



