
Вчера во с. Костин Дол, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево а во содејство со УПС од Македонска Каменица го лишиле од слобода Л.Ј. (56) од село Костин Дол, поради инцидент во сообраќајот.
Според информациите од полицијата, претходно тој со трактор удрил во патничко возило „Фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, сопственост на Г.М. (42) од истото село, по што го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки, Л.Ј. бил пронајден и лишен од слобода. При алкотестирање било утврдено дека го управувал тракторот под дејство на алкохол, со резултат од 1,99 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


