
На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.


