
Во рамки на одбележувањето на патрониот празник – „Денот на пролетта“, како и 35-годишниот јубилеј на детската градинка „БАМБИ“ во Македонска Каменица, беше организирана свечена програма исполнета со радост и насмевки.

Посебен дел од програмата беше театарската претстава во изведба на вработените, која предизвика големо воодушевување кај децата. Со својата креативност и посветеност, тие успеаја да внесат многу смеа, позитивна енергија и топлина во овој значаен ден.
Настанот уште еднаш покажа дека ваквите активности не само што ја збогатуваат прославата, туку и создаваат незаборавни моменти за најмладите.







