14/06/2026

Објавен е нов јавен оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата

stepan 1308 army 7392451

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Македонија.

Според објавените информации, кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови – да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни и да поседуваат соодветна здравствена и физичка способност.

Дополнително, како посебни услови се наведува кандидатите да имаат завршено најмалку средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот.

Сите детали, како и начинот на аплицирање, се достапни во јавниот оглас објавен на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана.

Од Министерството ги повикуваат сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност и да станат дел од Армијата, која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука, личен развој и градење на тимски вредности.

Почетната плата изнесува од 30.552 денари, со дополнителни над 13.000 денари за надоместок за станбено обезбедување.

Јавниот оглас трае 15 дена, вклучувајќи го и денот на неговото објавување.