Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода шест возачи на територијата на државата поради безобѕирно управување со моторни возила.
Меѓу нив е и возач од Македонска Каменица, кај кого било утврдено дека управувал патничко моторно возило и покрај тоа што имал изречена активна забрана за управување со моторно возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во рамки на засилените контроли, на подрачјето на државата биле санкционирани и возачи кои управувале под дејство на алкохол, без возачка дозвола, како и лица кои предизвикале сообраќајни незгоди.
Од МВР повторно апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди.





