Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура на територијата на Општина Македонска Каменица, со цел подобрување на условите за живот и унапредување на локалните населени места.
Денес започна асфалтирањето на патот кон Папурица во село Костин Дол, проект кој има особено значење за жителите на ова населено место. Со реализацијата на овој зафат значително се подобруваат пристапноста, безбедноста и непреченото одвивање на сообраќајот.

Од Општината посочуваат дека унапредувањето на патната инфраструктура останува еден од клучните приоритети, бидејќи директно влијае врз квалитетот на живот и создава подобри услови за развој на руралните средини.
Со ваквите проекти продолжува посветената работа на терен, со јасна цел – подобра и пофункционална инфраструктура за сите населени места во општината.






