СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица ги информира сите деветтоодделенци и нивните родители дека започнува електронското пријавување за упис во прва година за учебната 2026/2027 година.
Електронското пријавување започнува на 12 јуни 2026 година и ќе се одвива во прв уписен рок од 12 до 15 јуни 2026 година.
За сите ученици ќе биде обезбедена стручна поддршка од тим професори од училиштето, кои ќе помагаат при целиот процес на електронско аплицирање – од најавување во системот, до избор на образовен профил и поднесување на пријавата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- корисничко име и лозинка од schools.mk
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение
- извод од матична книга на родените
- дипломи за освоени места на државни или меѓународни натпревари (доколку поседувате)
ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ:
- Гимназиско образование
- Машински техничар
- Геолошко-рударски техничар
Како дополнителна поддршка за учениците, Општина Македонска Каменица обезбедува паричен надомест од 20.000 денари.
ПОМОШ ПРИ УПИС:
Училиштето ќе обезбедува поддршка и за време на викендите, а за дополнителни информации достапен е телефонски контакт:
📞 072 307 717
ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИ:
- 16 јуни 2026 (08:00 – 19:00)
- 17 јуни 2026 (08:00 – 15:00)
Со заедничка поддршка, целиот процес е едноставен, брз и достапен за секој ученик. Избери квалитетно образование и направи го првиот чекор кон својата иднина.






