13/08/2026

Најавен прекин на струја во три села во Општина Македонска Каменица – без електрична енергија Косевица, Моштица и Саса

ChatGPT Image Jun 23 2026 12 36 44 PM

Од Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека на 24 јуни 2026 година (среда) ќе се вршат технички зафати на 10 кВ далеководот „Луковица – Саса“.

Поради планираните активности, во периодот од 09:00 до 14:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Без електрична енергија ќе останат жителите на селата Косевица, Моштица и Саса во Општина Македонска Каменица.

Од надлежните апелираат граѓаните и правните субјекти од погодените населени места навремено да ги прилагодат своите активности согласно најавениот прекин во снабдувањето со електрична енергија.