
Од Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека на 27.04.2026 година (понеделник) ќе се вршат технички зафати на 10кВ далековод „Населба“ од ТС 110/35/10 кВ Македонска Каменица.
Поради тоа, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во два термини: од 09:05 до 09:40 часот и од 13:00 до 13:40 часот.
Без напојување ќе останат: голем дел од град Македонска Каменица, дел од Павлиш Дол, Сепарација Дар Мар и ХЕЦ Каменичка Река.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.




