13/08/2026

ШК „Каменица Саса“ повторно обезбеди пласман во Втората шаховска лига на Македонија

Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ продолжува да бележи успеси на државната сцена. Клубот и оваа година обезбеди пласман во Втората шаховска лига на Македонија, потврдувајќи дека и од мала средина можат да се постигнат значајни резултати.

ChatGPT Image Jul 10 2026 12 20 09 PM

На квалификацискиот турнир за влез во Втората лига, во организација на Шаховската федерација на Македонија, ШК „Каменица Саса“ освои 8 бода и го подели четвртото место. По примената на Бухолц системот, екипата го освои конечниот четврти пласман, со што обезбеди место во Втората лига.

На турнирот учествуваа 14 екипи од целата држава.

шахисти

Од клубот најавуваат активен натпреварувачки период, во кој ќе настапат на екипното државно првенство за млади категории, поединечното државно првенство за млади, како и на државните првенства во машка и женска конкуренција, а во план се и настапи на неколку силни меѓународни турнири.

Од ШК „Каменица Саса“ упатија благодарност до Шаховската федерација на Македонија, како и до сите спонзори кои го поддржуваат работењето на клубот:

  • Општина Македонска Каменица
  • Рудник Саса
  • Фондација Саса
  • Кав-Кам
  • Вен Маркет
  • Даком Трејд
  • Ресторан „Кај Кацата“

Со новиот успех, ШК „Каменица Саса“ уште еднаш покажа дека е достоен претставник на градот на државната шаховска сцена.