13/08/2026

ФК Каменица Саса започна упис на нови дечиња во фудбалската школа

ФК Каменица Саса ги отвори вратите за сите дечиња кои сакаат да ги направат своите први фудбалски чекори и да станат дел од клубот.

Во тек е уписот на нови членови за генерациите:

2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020
2021

Од клубот ги повикуваат родителите да ги запишат своите деца и да им овозможат да растат во здрава, безбедна и позитивна спортска средина, каде покрај фудбалските вештини ќе стекнат нови пријателства, дисциплина, самодоверба и тимски дух.

fk sasa

Во рамки на фудбалската школа, младите фудбалери ќе имаат можност да работат со стручен тренерски кадар, да настапуваат на натпревари и турнири, да ги развиваат своите фудбалски и моторички способности, но и да ги усвојуваат вредностите на спортот – почит, одговорност и фер-плеј.

Во ФК Каменица Саса ги очекуваат:

✅ Професионален тренерски кадар

✅ Учество на натпревари и турнири

✅ Развој на фудбалските и моторичките вештини

✅ Дисциплина, тимски дух и спортски вредности

✅ Нови пријателства, дружење и незаборавни спортски моменти

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се јават на:

📞 Горан Гоцевски – 078 434 471

📞 Ален Миленковски – 075 393 322

ФК Каменица Саса ги поканува сите млади љубители на фудбалот да станат дел од клубот и заедно да ги градат своите спортски успеси.