13/08/2026

Општина Македонска Каменица ја објави програмата за овогодинешното издание на Денот на дијаспората, манифестација која традиционално ги обединува иселениците, граѓаните и бројните гости што во летниот период престојуваат во градот.

Настанот ќе се одржи на 9 август 2026 година (недела), на улицата „Александар Македонски“, со почеток во 18:00 часот, во рамки на манифестацијата „Каменичко културно лето 2026“.

programa den dijaspora 2026

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна културно-забавна програма наменета за сите генерации. Вечерта ќе започне со настап на Детскиот фестивал „Ѕвездички“, ќе продолжи со настап на КУД „Вера Јоциќ“, по што на сцената ќе настапат Софија Манева и групата K4. За музичката кулминација ќе се погрижи реномираниот македонски диџеј Галоски, кој ќе ја заокружи вечерта со динамична музичка програма.

Денот на дијаспората е еден од најзначајните летни настани во Македонска Каменица и претставува можност за повторни средби, дружење и зацврстување на врските меѓу родниот крај и нашите сограѓани кои живеат и работат во странство.

Организаторите ги покануваат сите граѓани, иселеници и посетители да бидат дел од оваа традиционална манифестација и заедно да уживаат во вечер исполнета со музика, култура и позитивна атмосфера.