Филип Александровски повторно ќе настапи пред каменичката публика, овој пат во рамките на „Каменичко културно лето 2026“.
Младиот изведувач со каменички корени на 27 август ќе се појави на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, но овој пат со комплетен бенд и уште поенергичен настап.

Филип Александровски ја привлече вниманието на балканската публика со своите импресивни настапи во „Ѕвездите на Гранд“, а неговото повторно враќање во Македонска Каменица носи дополнителна причина за задоволство кај домашната публика.
Каменичани ќе имаат можност да го слушнат Филип во целосно концертно издание, со бенд во живо и програма подготвена за фестивалската атмосфера.
Особено значајно е што станува збор за млад изведувач со корени од каменичкиот крај, кој со својот талент гради музички пат и го претставува своето потекло пред пошироката публика.
Настапот на Филип Александровски е дел од програмата на „Каменичко културно лето 2026“, кое од 26 до 28 август ќе донесе три фестивалски денови исполнети со музика и забава.
Датум: 27 август 2026 година
Локација: Градски плоштад, Македонска Каменица
Изведувач: Филип Александровски
Настап: со комплетен бенд
Каменичани, 27 август е датумот за Филип Александровски.
Се гледаме на „Каменичко културно лето 2026“.






