Кога ќе одекнат првите рефрени, ќе започне ноќ која долго ќе се памети.
Големата балканска музичка ѕвезда Ацо Пејовиќ на 28 август доаѓа во Македонска Каменица, каде на Градскиот плоштад ќе приреди големо концертно шоу во рамките на „Каменичко културно лето 2026“.
Пејовиќ доаѓа со комплетен состав, а публиката ја очекува концерт кој ќе трае повеќе од два часа.

На репертоарот ќе бидат неговите најголеми хитови, песни кои со години се слушаат и пеат низ целиот Балкан, а каменичката публика ќе има можност да ги доживее во живо.
Настапот на Ацо Пејовиќ ќе биде големата завршница на „Каменичко културно лето 2026“.
По трите вечери со богата музичка програма, 28 август е резервиран за голем спектакл на Градскиот плоштад.
Датум: 28 август 2026 година
Локација: Градски плоштад, Македонска Каменица
Изведувач: Ацо Пејовиќ
Шоу: повеќе од два часа
Крајот на летото ќе биде во знакот на големата музика.
Македонска Каменица ве чека.
Се гледаме на спектакл!






