13/08/2026

Уште една музичка вечер е потврдена за „Каменичко културно лето 2026“.

На 28 август, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе настапи BLUE, македонската музичка атракција позната по своите енергични настапи и одличната атмосфера која ја создава со публиката.

BLUE ќе бидат предгрупа на главната ѕвезда на вечерта, чие име ќе биде објавено дополнително.

BLUE ќе настапат на „Каменичко културно лето 2026“ во Македонска Каменица на 28 август

Со тоа, 28 август носи уште една причина за добра забава во Македонска Каменица, а публиката ќе има можност да ужива во настапот на BLUE пред големото музичко изненадување на вечерта.

Кој ќе биде главната ѕвезда?

Одговорот ќе го дознаеме наскоро.

Дотогаш, едно е сигурно – крајот на летото е резервиран за Македонска Каменица!

📅 28 август 2026
📍 Градски плоштад – Македонска Каменица
🎸 BLUE

Се гледаме на 28 август на плоштад!