14/06/2026

Проекција на македонскиот документарен филм „Медена земја“ 🎬

На 18 декември 2025 година, со почеток од 19:00 часот, во Домот на културата,
Културно-информативен центар „Романса“ и Пчеларско здружение ЕКО КАМ МЕД
Ве покануваат на проекција на еден од најзначајните македонски документарни филмови.

„Медена земја“ е филм што остави силен впечаток кај домашната и меѓународната публика, претставувајќи исклучително уметничко и културно остварување. Делото ја афирмира македонската кинематографија и отвора длабоки и актуелни теми за одржливиот однос кон природата, традиционалните вредности и рамнотежата меѓу човекот и околината.

Ве покануваме заедно да се потсетиме и повторно да уживаме во ова значајно филмско дело.

🎟 Влезот е бесплатен
📍 Локација: Дом на културата
🕖 Време: 19:00 часот