14/06/2026

Циклон од Медитеранот од вторник (23 декември) ни носи дожд и снег

planinski sneg

На убавото, стабилно суво  и натпросечно топло време полека му доаѓа крајот. Веќе од вторник (23 декември) територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Од друга страна пак ќе бидеме под влијание на почеток на поладен воздух од север.

Во ваква ситуација во поголем дел од Македонија ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1300 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Веќе од вторник 23 декември најпрвин на планините  и на скијачките центри може да очекуваме почеток на формирање на снежна покривка.