14/06/2026

Циклон од Џеновскиот залив носи обилни врнежи и силен ветер – викенд со грмежи, од понеделник нагло заладување и снег

rain 3954273 1280

Територијата на Македонија и во наредните денови ќе остане под влијание на длабока циклонска активност со центар над Џеновскиот залив. Овој циклонски систем постојано се обновува и ќе условува нов бран врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со засилен до силен ветер, најпрвин од јужен правец.

За време на викендот врнежите локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи, што дополнително ќе ја зголеми нестабилноста на времето.

Во Скопје ќе продолжи променливо време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат за време на викендот, кога ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

На повисоките планини, на надморска височина над 1400 до 1500 метри, врнежите ќе бидат од снег.

Температурите до недела (15 февруари) ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината. Речиси насекаде тие ќе надминуваат 10 степени, а на повеќе места ќе се искачат до околу 15 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели за време на викендот се очекува температурата да достигне дури и до близу 20 степени.

Но, поради продор на ладен бран од север, во текот на ноќта недела кон понеделник (15/16 февруари), како и во понеделник (16 февруари 2026), ќе настапи нагло заладување. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а врнежите од дожд, освен на повисоките места, ќе преминуваат во снег и во дел од градовите, особено во западните и во северните предели на Македонија.