14/06/2026

Утре можеш да спасиш живот: Крводарителска акција во Македонска Каменица!

krvodaruvanje

Во петок, 9 јануари 2026 година, утре, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица, ќе се одржи првата крводарителска акција во новата 2026 година.

Акцијата ќе се реализира во периодот од 9:30 до 14:00 часот и е дел од редовните активности планирани за месец јануари.

Организатор е Општинската организација на Црвениот крст – Делчево, која упатува отворен повик до сите крводарители и сите граѓани кои имаат најмалку 18 години, да се приклучат и со дарување крв да дадат значаен придонес во спасувањето на човечки животи.

Дарувањето крв е хуман гест што може да направи огромна разлика – една доза крв може да спаси повеќе животи!

Напомена: Со себе понесете документ за лична идентификација.