
Согласно Годишната програма за работа на училиштето, во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица беше реализирана активност во рамки на општествено-хуманитарната програма, со цел запознавање на учениците со значењето на волонтерството.
Во таа насока, учениците од I-а клас гимназиско образование, кои воедно се и членови на Црвениот крст, подготвија презентација која ја презентираа пред своите соученици од I-в клас од геолошко-рударската струка.

Преку презентацијата, учениците имаа можност да се запознаат со поимот волонтерство, начинот на зачленување во Црвениот крст, како и со активностите што ги реализира оваа организација. Беа презентирани и конкретни примери за волонтерски активности, при што беше нагласен нивниот хуманитарен карактер.
Во пресрет на пролетта, учениците од I-в клас геолошко-рударска струка засадија цвеќиња во дворот на училиштето, со што го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта, испраќајќи порака за важноста од одржување на чиста и здрава животна средина.
Реализатори на активностите се проф. Катерина Спасевска и проф. Драгица Ангелова.







