14/06/2026

ЗГ „Багери“ организира избор и наградување на најдобрите спортисти за 2025 година во Македонска Каменица

зг багери

Здружението на граѓани „Багери“ од Македонска Каменица по вторпат ја организира свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“, посветена на најуспешните спортисти и спортски колективи од градот.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени признанија и награди за постигнатите спортски успеси во текот на 2025 година, а програмата предвидува и промотивни и поздравни обраќања од истакнати личности од областа на спортот и од локалната заедница, како и пригодна културно-уметничка програма која ќе ја збогати свечената атмосфера.

Манифестацијата ќе се одржи во Домот на културата во Македонска Каменица, на 24 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот.

Организаторите упатуваат покана до сите љубители на спортот и граѓани да бидат дел од овој значаен настан и заеднички да им се оддаде признание и честитки на најдобрите спортисти за 2025 година во Македонска Каменица.

Со почит,
Звонко Прангов
Претседател на ЗГ „Багери“
Македонска Каменица