14/06/2026

Возач под дејство на алкохол лишен од слобода во Македонска Каменица

FB IMG 1766930823249

На 24.01.2026 година, во 01:46 часот, на магистралниот пат А-3 во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Н.В. (23) од село Дулица, Македонска Каменица.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. По преземените мерки било констатирано дека возачот бил под дејство на алкохол, односно дека имал 1,65 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.