14/06/2026

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за младинско собрание

grb makedonska kamenica bela pozadina

Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за номинирање на претставници од различни форми на младинско организирање и здружување, со цел формирање на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локално собрание за млади.

Оваа иницијатива се реализира согласно Законот за локалната самоуправа, Законот за младинско учество и младински политики, како и Статутот на Општина Македонска Каменица.

Иницијативниот одбор ќе има краткорочна улога и ќе учествува во подготовката и свикувањето на конститутивното Локално собрание за млади, кое претставува важен чекор кон формирање на Локален младински совет. Целта на овој процес е поголема вклученост на младите во носењето одлуки на локално ниво и креирање политики кои се во нивен интерес.

Право на учество имаат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други форми на младинско здружување кои имаат активности на територијата на општината.

Организациите кои се пријавуваат имаат обврска да номинираат свои претставници жители на Општина Македонска Каменица, кои ќе бидат дел од процесот на конституирање на Локалното собрание за млади.

Заинтересираните субјекти треба да достават комплетна документација која вклучува пријава, портфолио, извештај за работа, номинација со биографија и мотивациско писмо, како и изјави за согласност.

Пријавувањето се врши во архивата на Општината, по пошта или електронски, во рок од 10 работни дена од објавувањето на повикот, односно до 08.05.2026 година до 15:30 часот.

Со оваа активност Општина Македонска Каменица продолжува со унапредување на младинското учество и создавање институционални механизми преку кои младите директно ќе придонесуваат во локалниот развој и одлучување.