
Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за резервација на продажни куќички за потребите на манифестацијата „Мајски мозаик 2026“, која ќе се одржи во периодот од 22 до 24 мај 2026 година на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Продажните куќички ќе се доделуваат без надомест, по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до пополнување на расположливиот број.
Право на учество имаат:
- правни лица,
- самостојни вршители на дејност,
- физички лица кои вршат продажба од времен карактер и продажба на сопствени рачно изработени производи.
Согласно условите од повикот, физичките лица немаат право да вршат продажба на храна и пијалоци.
Секој учесник е должен да има регистрирана дејност согласно законските прописи, да обезбеди фискален апарат за продажното место, да издава фискални сметки за секоја извршена продажба и да ги почитува обврските утврдени од Управата за јавни приходи.
Физичките лица, пред започнување со продажба, треба да поднесат Барање за паушално оданочување (образец ДЛД–ПП) и да поседуваат соодветно решение од УЈП.
Пријавувањето се врши со доставување на Барање за учество во Архивата на Општина Македонска Каменица или електронски на: opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Крајниот рок за пријавување е 20 мај 2026 година.
Од Општина Македонска Каменица информираат дека општината обезбедува простор и продажна куќичка, додека целокупната законска и даночна одговорност останува на учесниците.
„Мајски мозаик 2026“ и оваа година ќе донесе богата програма, дружење, локални производи, креативност и празнична атмосфера во срцето на Македонска Каменица.





