Во организација на КИЦ „Романса“, Македонска Каменица повторно ќе живее во ритамот на музиката и добрата атмосфера. По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во градот ќе се одржи големиот музички настан „Мајски мозаик“, кој има за цел повторно да го оживее духот на традиционалните мајски прослави.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, дружење и позитивна енергија, а главни ѕвезди на концертот ќе бидат популарниот македонски бенд NEXT TIME.

Концертот ќе се одржи на 24 мај 2026 година, со почеток од 22:00 часот, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
„Мајски мозаик“ претставува нова иницијатива која треба да прерасне во традиционална манифестација, исполнета со концерти, културни случувања и настани што ќе ги обединуваат сите генерации.
Со овој настан, Македонска Каменица повторно ќе потсети на времињата кога градскиот плоштад бил центар на големи прослави, исполнети со музика, насмевки и незаборавни моменти.
Од КИЦ „Романса“ ги покануваат сите граѓани и гости да бидат дел од оваа музичка приказна и заедно да создадат уште една вечер за паметење под отворено небо.






