13/08/2026

Јавен повик: Започнува пријавувањето за штандови на „Ден на дијаспората 2026“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица – Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за поставување на продажни штандови за манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 09 август 2026 година на улицата „Александар Македонски“.

Право на учество имаат правни лица, самостојни вршители на дејност, како и физички лица кои вршат продажба од времен карактер и продаваат сопствени рачно изработени производи. Согласно повикот, физичките лица не смеат да вршат продажба на храна и пијалоци.

Штандови и посетители на манифестација во Македонска Каменица – Јавен повик за Ден на дијаспората 2026

Просторот ќе се доделува со административна такса од 300 денари и комунална такса за користење јавен простор од 5 денари по квадратен метар, сè до пополнување на расположливите места.

Секој учесник е должен да има регистрирана дејност согласно закон, да обезбеди фискален апарат, да издава фискални сметки и да ги почитува прописите на Управата за јавни приходи. За физичките лица е предвидена обврска пред почетокот на продажбата да поднесат Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-ПП) и да поседуваат решение од УЈП.

Заинтересираните треба да достават Барање за користење на јавна површина за вршење дејност во Архивата на Општина Македонска Каменица или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk, најдоцна до 07 август 2026 година.

Општината обезбедува простор за поставување на штандовите, додека целокупната законска и даночна одговорност останува на учесниците.