14/06/2026

Пролет во февруари: Следува седмица со температури до 20 степени во Македонија

weather station 5580 1280

Целата седмица која ни претстои во Македонија ќе помине во знакот на значително натпросечни температури за овој период од годината. Нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која ќе пристигнува од југ, условувајќи многу повеќе сончеви периоди и претежно суво време.

Температурите ќе бележат постепен пораст, а особено топло ќе биде во Повардарието и во југоисточните предели од земјата, каде што максималните дневни температури во текот на седмицата ќе се искачуваат до, па и близу 20 степени Целзиусови. Ова значи дека времето ќе има изразено пролетен карактер, невообичаен за крајот на февруари.

Натпросечно топло време не ја очекува само Македонија, туку и најголем дел од Европскиот континент и целиот Балкан. Ваквата временска состојба доаѓа по подолг период на врнежливо и многу нестабилно време, носејќи конечно стабилизација и пријатни услови за активности на отворено.

Утрите на повеќе места ќе бидат посвежи, со можност за појава на магла по котлините, но во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер.

Уживајте во пролетното време во февруари кое нè очекува во последната седмица од месецот.