14/06/2026

Снегот ја зафати Македонија: Минусни температури и мраз од раните утрински часови

planinski sneg

Од утрово, 21 јануари 2026 година (среда), од југозапад кон Македонија се прошируваат пообилни врнежи, кои во најголем дел се од снег. Во повеќе делови од земјава е започнато формирање, зголемување и проширување на снежната покривка.

Ваквата временска состојба е резултат на циклонска активност над Медитеранот, како и влијание на влажна воздушна маса која е поврзана со продор на ладен воздух од север и североисток на Европскиот континент.

Низ целата држава преовладуваат минусни утрински температури, со појава на мраз, што може да предизвика лизгави коловози и отежнати услови во сообраќајот. Се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови.