14/06/2026

Временска прогноза: Ладен бран и слаби врнежи.

icicle 3013047 1280

Територијата на Македонија во деновите што следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од исток и североисток на Европскиот континент. Поради тоа, нè очекува значително постудено време со појава на утрински минусни температури и мразеви.

За време на викендот ќе преовладува зголемена облачност, со појава на слаби и локални врнежи. Во пониските места и градовите врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките населени места и на планините ќе има услови исклучиво за снег. Сепак, станува збор за слаби и локални врнежи, па не се очекува формирање на позначителна снежна покривка.

За Богојавление – Водици, на 19 јануари (понеделник), услови за слабо провејување на снег ќе има претежно во јужните предели од Македонија. Утринските температури на овој празничен ден ќе се движат во интервал од -10 до 0 степени, додека дневните ќе се искачуваат од -2 до 6 степени.

Во Скопје и околината, на 19 јануари, утринската температура ќе се спушти до околу -4 степени, а преку денот ќе достигне околу 3 до 4 степени.

Во текот на целиот период ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот, нови врнежи, овојпат претежно од снег, се очекуваат во среда, на 21 јануари. Подетална и по потреба обновена метео анализа за овој влажен бран ќе следува во наредните метео објави.