16/06/2026

Краткотрајна попладневна промена на времето: Дожд во градовите, снег на планините и ветер до 60 км/ч

weather station 5580 1280

Денес, вторник (24 февруари 2026), во попладневните и вечерните часови во Македонија, особено во северните предели, следува краткотрајна промена на времето.

Се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд во пониските места и во градовите, додека на планинските предели и на местата над 1100–1200 метри надморска височина ќе има повремен снег.

Во Скопскиот регион ќе има повремен локален дожд, а на околните планини ќе провејува снег.

Промената ќе биде проследена со повремено засилен ветер од северен правец. Најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели, каде локално ќе достигнува брзина до околу 60 километри на час.

И покрај оваа нестабилност, максималната дневна температура ќе остане натпросечно висока и ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе достигне околу 14 степени.

Утрото донесе повисоки минимални температури кои на повеќето места останаа над нулата. Времето беше ведро со мала до умерена локална облачност.

Според податоците на УХМР, најстудено до 7 часот беше во Берово со измерени -3 степени, додека во останатите градови температурите беа значително повисоки.