14/06/2026

Длабок циклон над Џеновскиот Залив носи обилни врнежи, силен ветер и заладување од понеделник

raindrop 6544618 1280

Под влијание на длабок циклон со центар над Џеновскиот Залив, кој континуирано ќе се обновува и ќе го проширува своето влијание кон нашиот дел од Европа, до крајот на седмицата во Македонија ќе преовладува променливо и нестабилно време.

Во следните денови ќе има чести повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, а локално и поројни, особено за време на викендот. Тогаш врнежите ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Во одделни подрачја се очекува да наврнат над 40 литри воден талог на метар квадратен.

На планините со надморска височина над 1400 до 1500 метри врнежите од дожд повремено ќе преминуваат во снег или влажен снег.

Ќе дува засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој за време на викендот на повеќе места ќе биде и силен. Во петок, 13 февруари 2026 година, особено во Повардарието и во југоисточните предели, повремено ќе дува засилен ветер од северен и северозападен правец.

Поради јужното воздушно струење, температурите до недела, 15 февруари, ќе бидат повисоки од просекот за овој период од годината. Во поголем дел од државата дневната температура ќе се искачи над 10 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели ќе достигне и близу 20 степени.

Заладување и продор на постуден воздух од север се очекуваат во текот на ноќта меѓу недела и понеделник (15/16 февруари), кога ќе дојде до постепено намалување на температурите.