16/06/2026

НОВ БРАН НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Обилни врнежи, ризик од поплави и пораст на температурите

rain 3954273 1280

На врнежите во Македонија сѐ уште не им се гледа крајот. До крајот на седмицава продолжува многу променливо време, со чести врнежи од дожд, а на планините од снег.

Нашата територија е под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, која од среда навечер (4 февруари) и во деновите потоа ќе донесе нови пообилни и поројни врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и засилен јужен и југоисточен ветер.

🔺 На планините над 1400–1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
🔺 Локално се очекуваат над 60 литри дожд на метар квадратен, што повторно носи опасност од излевање на реките и појава на поплави.

🌧️ Во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни, со умерен до засилен југоисточен ветер.

🌡️ Температурите ќе бидат во пораст – утринските насекаде ќе бидат позитивни, а дневните во најголем дел од Македонија ќе се искачуваат до околу 10°C, локално и над 10 степени.

Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во подрачјата склони на поплави.