14/06/2026

Суво и студено во среда и четврток, во петок нов бран врнежи

weather station 5580 1280

Среда и четврток (18 и 19 февруари) во Македонија ќе донесат релативно суво, но студено време под влијание на ладна и претежно сува воздушна маса од север.

Во утринските часови ќе има минусни температури и појава на утрински мразеви. Облачноста значително ќе се намали.

Особено во Повардарието и во југоисточните предели во среда ќе дува силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 километри на час.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе достигне околу 8 до 9 степени.

Во четврток наутро, поради целосното разведрување, температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштат под нулата и ќе се движат од -9 до 2 степени.

Нови, пообилни врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок (20 февруари), а подетална анализа ќе следува во наредните метео објави.