
На 11 март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица ќе биде изведена театарската комедија „Ковчег за двајца“ – претстава која веќе успешно ги полни салите низ државата.
Дејството започнува на денот на локалните избори, кога двајцата кандидати за градоначалници ненадејно починуваат. Во обид да ја преземат контролата врз ситуацијата, нивните сопружници ги организираат погребите и одлучуваат да се кандидираат на нивно место. Но, во погребалната агенција останува само еден ковчег, што отвора низа апсурдни, комични и неочекувани ситуации.
Претставата носи црн хумор, сатиричен осврт на општествените и политичките прилики, како и динамичен заплет исполнет со пресврти. Публиката може да очекува интелигентна комедија што предизвикува смеа, но и размислување.
Настанот се реализира во организација на КИЦ „Романса“.
Влезниците се по цена од 150 денари.
Македонска Каменица ќе има можност да ужива во вечер исполнета со квалитетна театарска изведба, силна актерска енергија и содржина која не остава рамнодушен никого.






