
Групата „Ехо на хуманоста“, составена од млади волонтери на Црвениот крст и кои се дел од ПХВ Проектот, во изминатиот период активно делуваше на територијата на Македонска Каменица, реализирајќи повеќе активности со хуманитарен карактер.
Со силна желба да помогнат и да поттикнат солидарност кај граѓаните, младите волонтери организираа иницијативи насочени кон поддршка на оние на кои им е најпотребна. Нивната посветеност и енергија се вистински пример за хуманост, емпатија и општествена одговорност.

Од групата најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со своите активности, останувајќи верни на мисијата – да помогнат, да охрабрат и да направат позитивна промена во заедницата.
Апелот до граѓаните останува ист – доколку шетате низ улиците на нашиот град, подадете рака и донирајте. Мал гест за некого може да значи многу.
Хуманоста започнува од секој од нас. Поддржете ја.







