
По повод Велигден, КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица распиша конкурс за избор на најубаво украсено велигденско јајце.
Настанот ќе се одржи на 10 април 2026 година (Велики Петок), со почеток во 10:00 часот, на платото пред храмот „Успение на Пресвета Богородица“.
Право на учество имаат сите граѓани од општина Македонска Каменица.
За најдобрите учесници се предвидени награди:
- прво место – 3000 денари
- второ место – 2000 денари
- трето место – 1000 денари
Пријавувањето на велигденските јајца започна од денот на објавувањето на конкурсот и ќе трае до самиот почеток на изборот.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да ја покажат својата креативност и да придонесат кон празничната атмосфера во Македонска Каменица.






