14/06/2026

Во тек е ликовниот и литературен конкурс „Ликот и делото на Вера Јоциќ“ – делата може да се доставуваат до 20 мај

вера јоциќ 1

Во тек е ликовниот и литературен конкурс на тема „Ликот и делото на Вера Јоциќ“, кој се реализира по повод одбележувањето на 82 години од смртта на Вера Јоциќ, во организација на КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица.

Конкурсот е наменет за учениците од О.О.У. „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, кои можат да учествуваат со:

– Цртежи
– Слики
– Скулптури
– Литературни творби

За најдобрите творби се предвидени и награди:

– Прва награда – 3000 денари
– Втора награда – 2000 денари
– Трета награда – 1000 денари

Учениците своите дела можат да ги доставуваат до 20 мај 2026 година, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Прогласувањето на најдобрите дела е предвидено за 22 мај 2026 година.

Организаторите упатуваат повик до сите млади таленти преку уметност и пишан збор да го претстават ликот, храброста и делото на Вера Јоциќ.