14/06/2026

Филмот „Свадба“ пристигнува во Македонска Каменица – регионалниот хит со над 2 милиони гледачи

b8ec6c60 537d 4859 9600 bc457579857e

Еден од најгледаните филмови во регионот, комедијата „Свадба“, пристигнува и во Македонска Каменица, носејќи смеа, забава и вистинска филмска атмосфера.

Станува збор за филм кој веќе руши рекорди со над 2 милиони гледачи и предизвикува вистинска еуфорија во кината, благодарение на својата забавна приказна и одличната актерска екипа.

Проекцијата ќе се одржи на 09 април 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица.

Организаторите – КИЦ Романса најавуваат вечер исполнета со смеа, добро друштво и опуштена атмосфера – токму она што му е потребно на секој љубител на комедии.

Цената на билетите изнесува 200 денари во предпродажба, додека на врата ќе чини 250 денари. Поради големиот интерес и ограничениот број на места, се препорачува навремена набавка на билети.

„Свадба“ не е само филм – туку доживување кое обединува публика од сите генерации. Доколку сакате добра приказна, многу смеа и незаборавна вечер, ова е вистинскиот избор.